Лифт со четворица станари паднал во нова зграда во Карпош 4, нема повредени

Лифт се откачил и паднал во зграда на улицата Трифун Бузев во скопската населба Карпош 4, во средата, пишува СДК.мк. Во лифтот имало четворица станари, но никој не е повреден.

Од Општина Карпош велат дека досега никој кај нив не го пријавил инцидентот. „Според нашите сознанија, зградата на оваа локација е во градба, односно нема технички прием и употребна дозвола.  Ќе излеземе на терен со инспекција“, велат од Општина Карпош.

Како што кажуваат станарите, лифтот се откачил додека бил на првиот кат и паднал до подрумот на зградата односно два ката под земја.

Треба да знаете
Последни објави