Интер се врати на врвот во Серија А по победа над Специја

Екипата на Интер се врати на врвот во Серија А, откако со 3:1 славеше на гостувањето кај Специја во првиот меч од 33-то коло.

Марсело Брозовиќ погоди во 31-та минута по асистенција на Данило Д’Амброзио, а Хрватот одлично ја зафати топката со лева нога, и ја „скина“ мрежата на домашниот тим.

Воедно, Марсело стана 17-от играч кој што дал гол за Интер сезонава, со тоа Интер го повтори учинокот од 2008/09 и 2009/10 сезоните.

Во вториот дел, актуелниот првак на Италија поведе со 2:0 преку Лаутаро Мартинез во 73-та минута. Додека, домаќините преку Џулио Маџиоре во самата завршница, со вториот прекрасен гол на овој меч, само ја намалија негативата, а Алексис Санчес во последните секунди од судиското продолжение стави печат на победата.

Интер со оваа победа сега има 69 бода, односно еден повеќе од Милан кој за неколку минути треба да го одигра мечот од ова коло против Џенова. Но, „нероаѕурите“ севкупно имаат натпревар помалку, тој против Болоња кој е закажан кон крајот на овој месец.

Треба да знаете
Последни објави