Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, кој е дел од работната група, која вчера и
денеска во Министерството за правда дискутира за писмото на Катица Јанева, во кое се
бара СЈО сите предмети да ги префрли во Јавното обвинителство, вели дека
специјалната јавна обвинителка нема овластување ни во нормални услови а не пак во
притворски да ги делегира предметите на друго обвинителство, пишува „А1он“.
Калајџиев исто така вели дека нема никаков интерес за избор на нов специјален јавен
обвинител на местото на Јанева, а за тоа смета дека се виновни политичките партии.
– Не постои интерес да постои автономна институција која ќе се бори со организиран
криминал. СЈО е злоупотребено само да се бутне ВМРО-ДПМНЕ од власт и ништо повеќе,
тоа со жалење го констатирам, вели Калајџиев.
Според Калајџиев, СЈО може да довери некој предмет на друго обвинителство, но тоа би било еден конкретен предмет, а не сите.
-Никаде во законот не е предвидено СЈО да ги предаде сите предмети, особено не во ваква ситуација каде на Јанева практично и е завршен мандатот и каде нема политичка волја да се избере нов обвинител. Политичките партии треба да кажат зошто немаат интерес СЈО да продолжи да работи. Постои законска обврска три месеци пред истек на мандатот на Јанева да се избере нов обвинител. Тоа што таму негде се прави нов закон, не треба да ги спречи во почитувањето на оној закон што веќе е на сила, вели Калајџиев.