Кон крајот на минатата година, американскиот портал „Ранкер“ објави анкета „Најубави жени во 2022 година“ во кој беа собрани вкупно 122.000 гласови на читателите.
На листата имаше модели, актерки, музичарки и други познати жени , а читателите требаше да изберат која од овие жени според нив е најубава во изминатата година.
Анкетата заврши, а порталот објави резултати кои воопшто не изненадуваат.
Првото место, според изборот на читателите, ѝ припадна на Маргот Роби. Актерката стекна светска слава со улогата во филмот „Волкот од Волстрит“ (The Wolf of Wall Street) од 2013 година, а во 2017 година магазинот „Тајм“ ја вклучи меѓу 100-те највлијателни личности во светот.
Во октомври 2022 година, австралиското издание на магазинот „Максим“ ја објави својата годишна листа Хот-100 за 2022 година, наведувајќи ги најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. Маргот, исто така, беше на врвот на нивната листа. Ова е рекорден трет пат како Роби да се најде на врвот на Хот-100.
Гал Гадот е на второ место.
Израелската актерка, продуцентка и модел Гал Гадот, позната по филмовите Wonder Woman и Justice League, го зазеде второто место на листата.
Третото место ѝ припадна на Скарлет Јохансон, а четвртото на Ана де Армас.
Џесика Алба се најде на петтото место на листата на најубави. Во последниве години, таа ја стави својата актерска кариера во втор план и се занимава со претприемништво и има своја ‘велнес’ компанија, Honest, која вреди над милијарда долари.