МЗТ Скопје се спрема за Широки, а ќе навива и за Златибор за предвреме да прослави пласман во елитата од АБА-лигата

Вечерва се игра полуфиналето во АБА2 лигата, а директен пласман во елитата ќе обезбеди победикот на турнирот, додека поразениот во финалето ќе игра бараж.

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром по пет години пауза има прилика да се врати во елитното регионално натпреаврување АБА – лигата. Скопјани се домаќини на завршниот турнир од АБА2 лигата, во која во регуларниот лигашки дел заврши како првопласиран и ја понесе фаворитската улога во разигрувањето. Во четвртфиналето МЗТ Скопје Аеродром ја победи Сутјеска и вечерва (21 ч.) во полуфиналето за ривал ќе го има Широки Бриег. МЗТ Скопје веруваат дека со поддршка на публиката ќе стигне до завршниот меч на која ќе треба да обезбеди пласман во елитата.

Ако МЗТ Скопје го мина Широки Бриег, а Златибор биде поуспешен од Борац Бања Лука (18 ч.), тогаш технички „штрковите“ уште вечерва ќе можат да се радува на пласман во елитното друштво. Причина за тоа се правилата на АБА натпшреаврувањето. Пополнета е „квотата“ од пет српски клуба во елитата. Тоа ќе значи дека Златибор и да го освои турнирот ќе мора да игра бараж со најлошо пласираниот српскиот тим во јадранската елита. Ривалот на Златибор во финалето дури и да загуби во финалето би одел директно во АБА лигата.

Тоа значи дека МЗТ и неговите навивачи вечерва покрај својата грижа ќе навиваат да им се наредат коцките и уште вечерва да играат меч со Широки Бриег кој ќе носи пласман во елитата од АБА лигата.

Треба да знаете
Последни објави