Хакери украле доверливи документи од Шпанската фудбалска федерација

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) беше цел на напад на хакери, кои украле доверливи документи, електронски адреси, текстуални пораки и аудиозаписи од разговори на највисокото раководство, јавија синоќа локалните медиуми.

Од РФЕФ посочија дека украдените информации многу веројатно анонимно им се понудени на шпанските медиуми.

– Се чини оти сè укажува на тоа дека информациите незаконски се украдени од компјутерите на претседателот и генералниот секретар, соопшти РФЕФ.

Случајот РФЕФ го пријавила во полиција, која почнала истрага.

РФЕФ додаде дека и пред неколку месеци биле цел на хакерски напад, по што била ангажирана специјализирана компанија, која го зголемиле нивото на безбедност, но очигледно недоволно за да спречи нови напади.

Треба да знаете
Последни објави