Во вториот натпревар од втората групна фаза на кошаркарскиот Мундијал во Кина, репрезентацијата на Аргентина попладнево ја совлада Венецуела со 87:67 (17:12, 21:13, 25:22, 24:20)
По овој резултат Русија ја изгуби шансата да се пласира во плејофот. На Русите, кои загубија од Полска, за пласман во елиминациската фаза им требаше да ја совладаат Венецуела во следниот дуел и да чекаат два пораза на Аргентина.
Табела група-И:
1. Аргентина 8 бода
2. Полска 8
3. Русија 6
4. Венецуела 6.
Аргентина и Полска го имаат обезбедено четвртфиналето без оглед на резултатите во последното коло.