Италијанскиот напаѓач Џанлука Скамака засега одолеа на интересот на гигантите Милан и Интер, и го продолжи договорот со калчолигашот Сасуоло за уште четири година.
Младиот напаѓач беше интересен за големите италијански клубови, но одлучи да остане во клубот во чиј редови игра од 2017 година, со неколку позајмици во Џенова, Асколи, Цволе и Кремонезе.
– Џанлука Скамака го продолжи договорот до јуни 2026 година, објави попладнево Сасуоло.
Дел од италијанските медиуми наведуваат дека Скамака ова лето, сепак, би можел да се пресели на „Сан Сиро” но под поголемо обесштетување.
Скамака сезонава постигна 13 голови на 30 натпреварите во Серија А.