ФФМ: Репрезентативен фудбалски стадион со капацитет од 12.000 седишта ќе се гради во Аеродром

Одлука за изградба на фудбалски стадион со минимален капацитет од 12.000 седишта според сите критериуми на УЕФА и ФИФА за одигрување клупски и репрезентативни натпревари од највисок ранг, донесе на денешната седница Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Стадионот, како што е соопштено, ќе биде лоциран во општина Аеродром во рамки на „Куќата на фудбалот” и ќе биде финансиран со средства од УЕФА и ФИФА преку програмите за развој на фудбалската инфраструктура.

– Наша обврска како Фудбалска федерација на Македонија е да придонесеме за напредок на фудбалот, а најдобар начин да го потврдиме тоа е преку изградба на стадион кој ќе биде обележје на времето кое ни ги носи најголемите фудбалски успеси во нашата историја, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Треба да знаете
Последни објави