(Видео) Балканците на Атлетико режирале трето полувреме во тунелот на „Ванда“

Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити помина во полуфиналето од елитното клупско натппреварување Лигата на шампионите откако во тензичен меч се одбрани од шпанскиот порвак Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“. Но тензиите на теренот кулминирале во тунелот на „Ванда“ каде имало и трето полувреме со кое ќе се позанимава и УЕФА.

Во финишот на мечот фудбалерите се помалку можеа да ги контролираат своите емоции во желба да ги остварат своите цели. Најпрво Фелипе намерно го удри Фоден, а Савиќ тргна да се пресмета со гостинскиот играч по што настана хаос.

Црногорскиот интеранционалец Стефан Савиќ неможел да се помири со елиминацијата на неговиот тим Атлетико Мадрид, па во тунелот продолжил да се расправа со играчите на Манчестер сити, а  му се придружил и Хрватот Шиме Врсаљко. Хрватот прво фрлал со шише кон противничките играчи, а потоа и ги плукал, по што морала да интервенира и полицијата.

https://twitter.com/i/status/1514353988199755777

Треба да знаете
Последни објави