Ливерпул со реми на „Енфилд“, а Манчестер сити на „Ванда“ поминаа во полуфиналето на ЛШ

Ливерпул на „Енфилд“  ремизираше со Бенфика (3:3) во реванш натпреварот од четвртфиналето на фудбалската Лига на шампионите, но се пласира во полуфиналето благодарение на триумфот во Лисабон (3:1). Англискиот премиерлигаш Ливерпул во полуфиналето ќе игра против шпанскиот Виљареал, кој ги елиминираше гигантите италијанскиот Јувентус и германскиот Баерн Минхен.

На „Ванда Метрополитано“ во Мадрид  ремизираа Атлетико и Манчестер сити (0:0), а во полуфиналето продолжи англискиот првак благодарение на минималниот триумф од првиот меч. „Граѓаните“ ја искористија предноста на домаќниот терен во првиот натпревар и се најдоа меѓу четирите најдобри екипи сезонава, каде во полуфиналето ќе се намерат на најтрофејниот тим со европски шампионски титули Реал Мадрид, со што е комплетирана шпанско-англиската полуфиналн пресметка.

Голеадата на „Енфилд“  тренерот на „црвените“ Јирген Клоп ја почна со Мане и Салах на клупата, но тоа не влијаеше премногу на ефикасноста на неговиот тим. „Црвените“ поведоа во 21. минута. По корнерот на Цимикас, највисок во скокот е Ибрахим Конате, кој погодува за 1:0.

Бенфика на овој натпревар одигра многу офанзивно. На овој натпревар сакаа да го подобрат впечатокот, па со голот на Рамос во 32. минута израмнија на 1:1.

Со овој резултат тие заминаа на одмор, а потоа на сцена стапи Роберто Фирмино. Бразилецот за период од десет минути постигна два гола, а „црвените“ имаа предност од 3:1.

Бенфика не се предаде и успеа да избегне пораз со погодоците на Јаремчук во 73. минута и  Дарвин Нуњез во 82. минута за конечни 3:3.

Треба да знаете
Последни објави