Лазаров: Жалам што не победивме, барем со еден гол разлика

Македонските ракометари се со измешани чувства по по ремито 24-24 на гостувањето во Злин со Чешка, во првиот натпревар од баражот за пласман на СП 2023. Македонија иако водеше цел натпревар, дозволи Чешка да дојде до прво израмнување на десетина секунди пред последниот свиреж.

-Им честитав на момците. Треба да бидеме задоволни, никој не очекуваше дека во некој момент ќе водиме со 17-10. Игравме како по ноти и во одбрана и во напад, но на крај ни се случи пад, којшто ќе не држи многу будни. Јас знам дека можеби и малку ги изненадивме, но знам и дека на реваншот ќе се подготват добро и нема да биде воопшто лесно. Иако имаме добар резултат, позитивен, никогаш сме немале ваков во еден бараж натпревар. Меѓутоа жалам што не победивме, барем, еден гол разлика, мислам дека заслуживме, коментира Лазаров по мечот во Злин.

Македонија го имаше натпреаврот под контрола до 50. минута, кога имаше и предност од 22-16, по што почна падот во играта во нападот и одбраната што домаќинот го искористи.

-Едноставно не знаевме да го приведеме натпреварот до крај, промашивме и изработени зицери. Тежок натпревар за играње. Овој епилог некој де ми го нудеше пред натпреварот ќе го прифатев со две раце, затоа што ја репсектираме Чешка и Сабате како тренер. Жал ми е што не знаеме да се израдуваме на ова и што се тажни, но ако се тажни, тоа покажува дека сакаат да победат и тоа ќе не држи будни. Сепак, треба да знаеме дека в недела ќе победи колективот. Треба да имаме добра ротација, квалитетна, да ја почитуваме и само така можеме да направиме добар резултат против една силна европска репрезентација како што е Чешка. Ќе имаме и ветар в грб од нашите навивачи – додаде селекторот.

 

Треба да знаете
Последни објави