Македонската машка ракометна репрезентација новата мундијалска виза ќе треба да ја извади в недела во Скопје на реваншот против Чешка, која вечерва во Злин избегна пораз (24:24). Македонија не ја прекина традицијата без победа на гостувањата и во шестиот обид против Чешка. Во првиот бараж-натпреавр за пласнман на СП-2023, Македонија беше на чекор од прв гостински триумф против Чешка, но на крајот мораше да се задоволи со ново реми. Изранцитие на селекторот и капитен Кирил Лазаров беа во водство кое во еден момент изнесуваше и седум голови предност (17:10) во второто полувреме, но не издржаа во последните минути од мечот кога домаќинот стигна да ја анулира предноста и да избегне пораз кој психолошки ќе им значи многу пред реваншот во Скопје. Кашпарек со голот на 10 секунди до крајот „им го украде“ триумфот на „црвено-жолтите“.
Подобриот ривал од бараж-двомечот ќе патува на завршницата од СП кое на почетокот од идната година ќе се одржи во Полска и Шведска. Според прикажаното во Злин, Македонија е на добар пат да го продолжи континуитетот со настапи на завршниците од големите натпреварувања. Ќе ја има поддршката од бројната домашна публика која во салата во СЦ „Борис Трајковски“ ќе направи пеколна атмосфера. Такво нешто македонските помалубројни навивачи најавија во салата во Злин.
Македонија имаше добар поеток на мечот. Ја контролираше играта и резултатот и на одмор замина со два гола предност (10:13). И во втротиот дел „црвено-жолтите“ играа сигурно ја контролираа играта и резултатот се до 50 минута кога почна доминацијата на домаќините кои во последните секунди од мечот собраа сили и да го избегнат поразот.
Најефикасен кај Македонија беше Филип Талески со по пет постигнати голови, Лазаров и Гоце Георгиевски завршија со по по четири, Кузмановски и Стоиов постигнаа три, додека голманпот Никола Митревски имаше 11 одбрани. Во редовите на Чешка, по пет гола дадоа Хрштка и Клима, а на голот одличен беше Мрква со 18 одбрани.
Фото: Слободан Ѓуриќ