Американскиот рокер Џон Бон Џови е позитивен на корона вирус непосредно пред настапот на концертот во Мајами Бич.
Веста на публиката ја пренесе лице кое требало да го најави настапот на неговиот бенд, но додал дека Џон Бон Џови се чувствува одлично.
Џон Бон Џови (59) и неговите колеги од бендот направија брзи тестови за корона вирусот пред концертот, а фронтменот на групата бил позитивен иако бил вакциниран, пренесува АП.
Засега не е познато дали датумот на концертот ќе биде одложен.