Репрезентативецот на Србија, Василије Мичиќ го погоди тажна вест пред четвртфиналето против Аргентина. Одличниот кошаркар на Анадолу Ефес утрово дозна дека починала мајка му. Веста ја потврди селекторот Алекандар Ѓорѓевиќ.
-Одлучи да биде со нас против Аргентина и да игра во тој натпревар, тоа е голема работа. Не му е лесно, не му беше лесно цело време од почетокот на припремините. Сега прв пат зборуваме за тоа, тој поминуваше низ тежок период и навистина секоја чест за него што е тука, изјави Ѓорѓевиќ.
И покрај оваа семејна трагедија Мичиќ според последните информации ќе остане во Кина до крајот на турнирот. Мичиќ ќе остане во Кина и ќе даде се од себе во чест на неговата мајка.



