Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху в четврток ќе отпатува во Сочи за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, на само пет дена пред изборите во Израел, објавија израелските медиуми.
На седницата на Владата во неделата, Нетанјаху објави дека посетата има за цел да ја зајакне „континуираната воена координација (во Сирија) за да се спречи конфликтот, бидејќи активностите на Иран и нејзините сојузници се зголемуваат, како и пораст на нашите активности против нив”.
Тој додаде дека Израел се обидува да организира уште еден трилатерален самит, по првиот што се одржа во Ерусалим во јуни со советниците за национална безбедност од САД, Русија и Израел.
Кабинетот на Нетанјаху денеска соопшти дека двајцата лидери ќе разговараат за загриженоста на Израел поради консолидација на Иран во соседна Сирија.