Репрезентацијата на Северна Македонија до 21 година со победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021 година.
Нашата селекција славеше со 7:1, откако „хет-трик” забележа Димитар Митровски, два гола беа на Дарко Чурлинов, а погодија и Ердон Даци и Есмин Личина.
Гостинската репрезентација го отвори резултатот со гол од пенал на Андреасен во 19 минута.
Ова беше прв меч во квалификациите за „жолто-црвените”, а во групата се уште и Шпанија, Израел, Црна Гора и Казакстан. На ЕП се пласираат сите први селекции од девете групи и шестте најдобро второпласирани.
Следниот меч на Северна Македонија е гостување на 10 октомври во Црна Гора.