Американскиот Стејт департмент воведе санкции против двајца припадници на органите за безбедност на Русија за наводна тортура и измачување на членови на верската група Јеховини сведоци.
Во денешното соопштение од портпаролката Морган Ортагус се наедува дека санкции се воведени против Владимир Јермолаев и Стефан Ткач, припадници на Истражниот комитет на Русија за градот Сургут (Ханти-Мансиски автонооен округ). Санкциите се воведени поради грубо нарушување на човековите права со тортура, сурово обраќање и измачување на припадници на верската група.
Во соопштението се додава дека во Русија во моментов околу 60 Јеховини сведоци се во притвор и чекаат судење. Во февруари годинава Јермолаев и Ткач испрашувале најмалку седум Јеховини сведоци при што употребиле електрошокови, гушење и сурово тепање, „за да изнудат признанија за нивните ќелии и информации за учесниците и нивните предводници”.
-Бруталноста на руските безбедносни служби е во чиста спротивност со мирното практикување на верата на Јеховините сведоци, кои во Русија се криминално гонети само поради своето религизно убедување, се вели во соопштението.
Во Русија, каде православната црква игра важна улога во државата, Јеховини сведоци се сметаат за екстремистичка организација. Во моментов 60 од нив се во притвор, 250 се под истрага, а во февруари годинава Јеховиниот сведок Денис Кристенсен беше осуден на шест годишна затворска казна.
Се вели дека оваа верска група е подложна на чести полициски рации, заплени на имот, дискриминација и други форми на притисок.
– Во Руската Федерација религиозните малцинства се соочени со репресии и затоа земјата е ставена во специјалната листа на Стејт департментот за набљудување на состојбата со религиските слободи во 2018 година, се вели во соопштението.