Познатиот хрватски пејач Тони Цетински е ослободен денес од судот во Пазин од обвинението дека предизвикал сообраќајна несреќа во која почина Ибрахим Кевљанин (62) од Ровињ.
Несреќата се случила на 3 ноември 2017 година во Ровињ. Познатиот пејач со својот „мерцедес“ налетал на човек кој лежел на патот, го прегазил и сето тоа завршило со смртта на Кевљанин.
Двајца судски вештаци дадоа мислење на судењето и беше утврдено дека Тони не бил под дејство на алкохол или дрога во моментот на несреќата.
Речиси сите испитани сведоци потврдија дека улицата каде што се случила несреќата е многу тесна и непрегледна, особено завојот каде што се случила несреќата, дека во моментот на несреќата немало знак за ограничување на брзината и дека е инсталиран неодамна со ограничување на брзината од 20 километри на час.