Ако му се верува на новинарот Дарио Монтеро, тогаш преселбата на полскиот фудбалски интеранционалец Роберт Левандовски од редовите на германскиот бундеслигаш Баерн Мин хен во шпанската Барселона е готова работа. Според него тренерот на тим от од „Камп Ноу“ Чави минатата недела разговарал со голгетерот Левандовски и го убедил да се пресели во Барселона. Каталонците веруваат дека можат да комплетираат трансферот на Левандовски за 30 милиони евра.
И медиумите од Полска синоќа најавија трансфер на Левандовски во Барселона, напаѓачот го известил Баерн Минхен дека заминува и веќе договорил тригодишна соработка со „каталонците“.