Миркуловски предупредува дека Чешка има подобар тим од Романија

Бараж-натпреаврите на машката македонска ракометна реперзентација со Чешка за пласман на Светското првенство 2023 година кое ќе се одржи во Полска и Шведска ќе бидат последни за искусните интеранционалци Кирил Лазаров и Филип Миркуловски кои почнаа селектроско-тренерска кариера и тоа во стручниот штаб на „црвено-жолтите“ каде сега имаат двојна улога. Македонија денеска патува за Злин каде утревечер ќе го одигра првиот меч со Чешка, а в недела во Скопје ќе биде домаќин на истиот ривал во двомечот. Поуспешниот од двата натпреаври ќе игра на почетокот од идната година на СП.

До овој решавачки двомеч Македонија претходно, минатиот месец, мораше да ја прескокне Романија. Искусниот Миркуловски предупредува дека Чешка е поквалитетна селекција од Романија.

-Чешка е поквалитетна селекција од Романија која ја минавме релативно лесно иако не очекувавме дека ќе биде така. Чесите ни се добро познати, имаме одиграно повеќе официјални мечеви со оваа селекција. Добро се познаваме. Шансите ни се подеднакви да обезбедиме пласман на СП. Наша мала предност е што вториот натпревар го играме на домашен терен, но претходно треба да одиграме добра меч во Злин – вели Миркуловски пред заминувањето на македонската експедиција за Чешка.

 

Треба да знаете
Последни објави