Костадинов на принудна пауза од шест месеци поради скинати лигаменти на коленото

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов на последниот натпревар во дресот на полскиот прволигаш Пјаст во дуелот против Горник ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе мора да паузира најмалку шест месеци.

Поради долгиот период на рехабилитација Костадинов нема да биде на располахгање за селекторот Благоја Милевски за претстојните дуели во Лигата на нации против Бугарија, Гибралтар и Грузија. На терените најрамо може да се врати на почетокот од новата сезона.

 

Треба да знаете
Последни објави