Леванте и Барселона одиграа возбудлив натпревар со пет погодока. Тер Штеген и Гарсија спречија Моралес да ја понижи целокупната одбрана на „каталонците“ во првото полувреме, па гол серијата почна на стартот од вториот дел.
Моралес од пенал донесе предност за Леванте од 1-0 во 52. минута. Во 56. минута, домаќините добија втор пенал но Тер Штеген го одбрани обидот на Марти.
Чави потоа повлече потег, во игра ги вметна Педри и Гави и за пет минути Барса направи пресврт. Најпрво Обамејанг со глава изедначи на 1-1 за Педри на асистенција на Гави прекрасно да погоди за 1-2.
Во 83. минута, Леванте доби и трет пенал, Малеро беше прецизен од белата точка за 2-2.
Но последниот збор го имаше Лук де Јонг, Холанѓанецот уште еднаш се покажа како одлучувачки и со глава ја затресе мрежата во 92. минута за славје.