Будистички екстремисти во Тајланд тужат уметница бидејќи Буда го насликала како Ултрамен

Група будистички екстремисти во Тајланд поднела полициска пријава против една млада уметница поради сликите на кои Буда е прикажан како Ултрамен, јапонски суперхерој во 1960 година.

Сликата беше отстранета од изложбата минатата недела и уметницата, студентка во четврта година чие име не беше откриено заради нејзината безбедност, мораше јавно да се извини пред главниот монах во североисточната провинција, Након Рачасими, во присуство на гувернерот на провинцијата.

Во минатото ова можеше да биде крај на инцидентот, според „Ројтерс“, но во средата, претставниците на тврдокорната будистичка струја рекоа дека поднеле полициска пријава против уметницата и четворица други вклучени во изложбата, објаснувајќи дека споредувањето на Буда со акциски лик било непочитување.

Групата бара да бидат процесуирани според законот против верска навреда со кој се предвидува казна до седум години за вакви престапи.

Групата исто така се обидува да ги уништи сликите, пренесува агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави