Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски испиша историја во УФЦ со успешната одбрана на титулата во перолесна категорија, совладувајќи го со ТКО во четвртата рунда Кореецот Чан Сунг Јунг.
Ова е трета одбрана на титулата на Волкановски откако тоа го направи против Макс Холовеј во реванш-мечот и над Брајан Ортега. Два пати го бранеше појасот, го држи од крајот на 2019 година. Австралиец со македонско потекло. 33 години. Наречен „Велики“. На П4П е на третото место.
Неверојатно добар настап пружи Александар Волкановски во главната борба на вечерта на настанот УФЦ 273. 33-годишниот Австралиец со македонски корени го победи Чан Сунг Јунг со технички нокаут во четвртата рунда. Волкановски на тој начин влезе во својата трета последователна одбрана на појасот на УФЦ во лесна категорија. Австралиецот ја држи титулата од крајот на 2019 година, а под покровителство на УФЦ има 11 победи во исто толку настапи.
Сега сум на друго ниво и никој не може да ме запре, -порача Волкановски.