Град Скопје: Паркот во Ѓорче Петров не се уништува туку се обновува

Градот Скопје реагира на информацијата објавена на Интернет-порталот Курир со наслов „Се раскасапува паркот во Ѓорче Петров: Ветуваа зеленило, донесоа пустош“ во која се пренесуваат фејсбук статуси што ја доведуваат во заблуда јавноста и создаваат паника дека се уништува оваа зелена површина во општината Ѓорче Петров.

Градот Скопје сака да нагласи дека на булеварот Македонска војска, во близина на полициската станица, деновиве хортикултурно се уредува зелен плоштад – нова зелена површина од 3.320 квадратни метри, на која ќе биде засеана трева и ќе биде поставен систем за полевање капка по капка, со хидранти, шахти и прскалки. На терен работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“.

На новоподигнатата зелена површина ќе се постави урбана опрема – клупи и корпи за отпадоци и таа повторно ќе биде омилено место за одмор и релаксација на граѓаните. За децата, пак, ќе се постави детска едукативна инсталација инспирирана од „мињоните“.

Треба да знаете
Последни објави