Утеха за Србија е победата над САД

Србија ги победи САД (94:89) во разигрувањето за пласман од 5. до 8. место на Светското кошаркарско првенство кое се одржува во Кина. Избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ во натпревар за 5. место ќе играат со победникот од пресметката меѓу Полска и Чешка.

Најефикасен на натпреаврот беше Богдан Богдановиќ со 28 поени, четири скока и шест асистенции, а Лучиќ погоди 15 , Мициќ десет, Јокиќ 9 поени.

Во селекцијата на САД која на овој мундобаскет не настапи со најсилниот состав најефикасен беше Херисон Барнс со 22 поени, Кемба Вокер  постигна 18, а Крис Мидитон  16 поени.

Натпреаврот помина со доста осцилации во играта. На почетокот од мечот Србија која важеше за прв фаворит според ФИБА за освојување на титулата почнаа фуриозно и обезбедија убедлива предност (32:7) на крајот од првата четвртина, за да САД се разбуди и се избори за пристијна разлика пред заминувањето на одмор (44:40).

Србија на крајот успеја да стиген до утешителната победа по неочекуваниоте порази од Шпанија во групата и од Аргентина во четвртфиналето.

 

 

Треба да знаете
Последни објави