Мерјем Узерли, која се прослави во турската серија „Сулејман Величествениот“ со улогата на фаталната султанка Хурем, на почетокот на годината стана мајка на девојчето Лили Кои и моментално е целосно посветена на својата најважна улога во животот. Но, германската актерка со турско потекло наоѓа малку време и за себе.
Оние кои ја следат „Султаната Хурем“ на социјалните мрежи знаат дека таа најчесто објавува фотографии на кои покажува фризури, често менувајќи ги боите и модните комбинации. Овој пат Меријем отишла чекор понатаму, покажувајќи се гола.
Познатата Турчинка позирала во својата бања, во када, со широка насмевка на лицето како од мајка родена и со перничиња за подочници.
Познато е дека Мерјем покрај Лили Кои е мајка на шестгодишното девојче Лара Џемина. Пред да се породи имала тешки здравствени проблеми. Тогашниот партнер, 17-годишен претприемач, сакал актерката да абортира. Ја раскинала врската и сама го дочекала своето прво дете.
Оттогаш, Мерјам не сака да зборува за приватниот живот, а овој пат животната среќа ја чува за себе, па се уште не потврдила дали татко на нејзината втора ќерка е актерот Чаглар Ертугрул, со кој долго време е во врска, кој на тв публиката и е познат по улогте во турските сапуници.
Инаку, Мерјем Узерли започнала сопствен бизнис и отворила продавница за здрави слатки (поздрави верзии на чоколадо, бонбони и џемови) во центарот на Берлин.