Џејда Пинкет Смит вели дека е тешко да се одржи добар сексуален живот со нејзиниот сопруг Вил Смит, бидејќи тие се одлучни да комуницираат за своите потреби.
50-годишната актерка е со Вил речиси три децении и рече дека двајцата многу веруваат во преземањето „одговорност и комуникација, наместо да очекуваат еден од друг да си ги читаат мислите“.
Џејда нагласува дека и таа и Вил сакаат да бидат искрени кога станува збор за сексот, иако на двајцата им е тешко да ги кажат своите желби и потреби во спалната соба без да се чувствуваат непријатно.
Во своето Фејсбук шоу Red Table Talk, интимна серија разговори на црвената маса, каде што ѝ се придружи нејзината мајка, Адриен Банфилд-Норис и гостинската ѕвезда, Гвинет Палтроу, таа рече: „Тешко е. Ние почнавме со ова на многу млада возраст, 22 години.“
Коментарите на Џеда доаѓаат откако Вил (53) неодамна изјави дека тој и неговата сопруга си даваат доверба и слобода во бракот.
Инаку, двајцата и претходно јавно дискутираа за својот брак во т.н. „Разговор на црвената маса“.