Работната група на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонијa денеска ќе оствари службена посета на КПУ Затвор Скопје – Скопје.
Во придружба на групата, информираат од собраниската прес-служба, ќе биде и директорот на Управата за извршување на санкциите Јовица Стојановиќ, како и претставник од НДИ и од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.
Во работната група членуваат пратениците Фадил Зендели, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов и Слаѓана Митовска.
Работна група е основана поради забелешките во Извештајот на Европската комисија за состојбата во затворите во Република Северна Македонија, како и забелешките на пошироката јавност. Групата има за цел согледување на состојбите во кои се наоѓаат овие установи и предизвиците со кои се соочуваат, а во насока на подобрување на истите.