Авион со 326 патници морал да принудно да слета во Ирска бидејќи се истурило врело кафе на контролната табла во пилотската кабина, јавуваат светските медиуми.
Ербас А330-243 што летал од Франкфурт до Канкун во Мексико морал присилно да слета во градот Шенон, Ирска, соопшти Одделот за истражување на авионски несреќи.
Пилотот (49) одлучил да го приземји авионот затоа што врелото кафе предизвикало силен мирис на горење и чад, а едното копче на контролната табла започнало да се топи, објави Си-Ен-Ен.
Инцидентот се случил во февруари кога пилотот ја ставил својата чаша кафе без капак на контролната табла наместо на држач за кафе, се вели во извештајот.
Во инцидентот нема повредени.
Не е наведено за која авиокомпанијата станува збор, но прописите се изменети со цел да се обезбедат капаци на чашите на сите летови, а екипите редовно се потсетуваат на важноста на користењето капаци.