Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека размислува за изградба на мост долг 45 километри што би ги поврзувал Шкотска и Северна Ирска. Со години се расправало за идејата за изградба на мост меѓу југозападна Шкотска и Северна Ирска. За реализација на оваа идеја британскиот премиер им кажал на официјални лица да направат физибилити студија.