Полициски службеници од СВР Битола на 12.09.2019 извршиле контрола за брзина, управување на возило без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство на минување. Притоа, констатирано е дека пет возачи управувале возило без возачка дозвола, три возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 30 возачи, на мобилен телефон разговарале четворица возачи, додека двајца не користеле сигурносен појас.