Во Москва е во тек Модната недела каде што познатите руски дизајнери како Џенесак, Герда Ирена, Милена Волскаја и другите ги претставија новите колекции за пролет-лето 2022 година. Сепак, овојпат вниманието е на тн. улична мода во руската престолнина.
Се забележува дека Русинките се големи љубители на полежерен и поопуштен стил на облекување, кој вклучува широки јакни и кошули, но и еден неочекуван хит…
Станува збор за шпиц-чизми во сите варијанти, од класичните, преку оние од змиска кожа, до оние во поинтензивни бои.