Србија не игра финале, навивачите ги препродаваат влезниците

Српската кошаркарска репрезенатција која пред стартот на мундобаскетот според ФИБА важеше за прв фаворти за освојување на шампионскиот трофеј, нема да разигрува ниту за распределба на медалите. Тоа ги разочара нивните навивачи кои живеат и работата во Пекинг, како и оние кои отпатуваа од Србија да ги бодрат своите миленици и да се насладуваат во натпреварот за златниот медал. Сите тие имаа обезбедено влезници за финалето закажано за в недела, па бидејќи нема да игра Србија одлучија да ги продаваат истите за да си повратат дел од вложените пари, кои би ги искористиле за посета на историски знаменитости во Пекинг.

Овој потег на српските навивачи ги привлече најмногу Шпанците, Французите и Аргентинците кои плаќаат од 150 евра за полошите места во салата во Пекинг каде ќе се игра финалето. Влезниците за подбрите места се продаваат од 500 па до 1.000 евра за ВИП позициите.

 

Треба да знаете
Последни објави