Лука Дончиќ го повлече барањето испратено до Канцеларијата за патенти и марки во САД и со тоа ја заврши правната битка со неговата мајка Мирјам Потербин, која остана сопственик на правата на неговиот бренд.
Словенечката кошаркарска ѕвезда сакаше да го регистрира својот бренд под името „Лука Дончиќ“, но регистрацијата одби бидејќи веќе постои бренд „Лука Дончиќ 7“, а неговата мајка не сака да го откаже.
Дончиќ во тужбата изјавил дека не се поврзува со тој бренд и дека не одобрува производите и услугите да се пласираат на пазарот под тоа име. Дончиќ во тужбата изјавил дека бил премлад кога го регистрирал брендот и не знаел што да прави, па сè и оставил на мајка си потпишувајќи ги потребните документи за да може да го застапува. Дончиќ пред нешто повеќе од една година потпиша петгодишен договор со Далас од кој ќе заработи 207 милиони евра.
Мирјам Потербин го презеде управувањето со брендот на нејзиниот син во сезоната 2018/2019, кога тој штотуку пристигна во НБА лигата.
„Продолжувам да растам како играч и како личност, па затоа ми е важно да го контролирам мојот сопствен бренд“, изјави Дончиќ за The Stein Line кога ја поднесе тужбата.