Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите утре ќе се сретне со Челзи.
Првиот натпревар на програмата е во среда од 21:00 часот, а „кралевите“ се соочуваат со големи проблеми. Карло Анчелоти не отпатува со своите фудбалери затоа што е позитивен на коронавирус, натпреварот со Селта во Ла Лига го водеше неговиот син. Навивачите стравуваат дека тоа може да биде случај и против Челзи.
Единствена опција Анчелоти утре да го води Реал е да добие негативен тест во текот на денешниот ден, со што би дополнително после своите фудбалери би отпатувал во Лондон.