Во северниот дел на Индија, поточно во државата Утар Прадеш за учениците не е лесно да најдат слободен превоз.
Поради тоа, честа глетка на патиштата се преполни автобуси на кои патници седат дури и на покривот.
Според полициските извештаи, се случува во автобусот и на неговата надворешна страна да има по 80 патници, а понекогаш дури и 120.
Во овој случај полицијата реагирала го запрела автобусот. По големиот број на автобуски несреќи во Утар Прадеш, властите вршат засилени контроли на патиштата.
Најчести причуни за автобуските несреќи во оваа индиска сојузна држава се лошата патна инфраструктура, неисправноста на автобусите, но понекогаш и пренатрупаноста на возилата со патници поради што возачите губат контрола при остри свиоци.