Според првичните неофицијални резултати, независниот кандидат Каис Сајед победи во првиот круг од претседателските избори во Тунис, додека на второто место се најде Набил Каруји, кој е во затвор.Премиерот Јусуф Чахед не е меѓу првите четворица кандидати според освоените гласови.
Според податоците кои ги објави „Сигма“,Сајед освоил 19,5 ,а Каруји 15,5, отсто од гласовите. На третото место е кандидатот на умерената исламска партија Енада, Абделфатех Муру, кој освоил 11 отсто од гласовите.Официјалните резултати се очекуваат утре.