Поранешниот југослевенски кошаркарски репрезентативец Саша Обрадовиќ е првиот кандидат да го наследи во селекторската фотелја на Србија Александар Ѓорѓевиќ, кој по завршениот мундобаскет во Кина си поднесе оставка. Србија која важеше за прв фаворит за освојување на залтниот медал на СП го осови петтото место.
За разлика од Игор Кокошков, помошник тренерот во НБА-лигашот Сакраменто, Обрадовиќ може да ги вклопи клупските обврски во Монако и активностите со репрезентацијата во квалифиакциите за Европското првенство 2021, кои почнуваа во февруари идната година.
На Ѓорѓевиќ покрај оставката му заврши и договорната обврска.
Обрадовиќ и Ѓорѓевиќ беа поранешни соиграчи во Партизан. Како играч Обрадовиќ со репрезентацијата има освоено три титули европски првак, една светска круна и олимписко злато.