Во Битола, премиерен настап во ракометната Лига на шампионите имаше Еурофарм Работник. Битолчани иако одамна немале прилика да проследат елитен ракомет на дуелот со португалскиот Спортинг Лисабон, не ја исполнија салата „Боро Чурлевски“ до последното место. Дебитантот Еурофарм Работник загуби минимално (29:30).
„Фармацевтите“ ја немаа вообичаената поддршка од трибините која ја создава навивачката група „чкембари“ во Градот на конзулите. Тие беа да му помогнат на фудбалскиот второлигаш во домашните обврски во Охрид, каде го растурија истоимениот домаќин со 5:1 и по мечот на ракометарите им порачаа:
– Се додека нема фузиија меѓу Еурофарм и Пелистер ние како навивачка група не одиме на ракомет. Не одиме ни на натпревари од Лигата на шампионите.