Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата, по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето на филмот, кога оружјето пукнало и ја погодило камерманката во градите, се вели во писмената изјава за судот, објавен во неделата.
Во изјавата под заклетва се дадени дополнителни детали за случајното пукање минатиот четврток во Ново Мексико во кое загина 42-годишната Халина Хачинс, а режисерот Џоел Соуза беше ранет, пренесува „Ројтерс“.
На Болдвин му бил даден пиштол за сцената и му било кажано дека не е наполнет, навеле властите во Санта Фе во судските документи.
„ Џоел рече дека Алек седел на клупа и снимал сцена во импровизирана црква и вежбал вкрстено влечење пиштол. Џоел рече дека гледал преку рамото на Хачинс кога слушнал звук налик на удар на камшик, а потоа силен истрел“, тој рекол во изјавата.
Хачинс потоа била погодена во пределот на градите, се наведува во документот.
„ Џоел тогаш нејасно се сеќава како Хачинс се жалела на нејзиниот стомак и како го фатила неговиот среден дел. Џоел исто така рекол дека Хачинс почнала да се тетерави наназад и паднала на земја“, се додава во соопштението.
Халина Хачинс рекла дека не ги чувствува нозете, изјави Рид Расел, снимател кој стоел до неа во моментот на снимањето.
Вознемирениот Болдвин (63) е фотографиран како се гушка и разговара со Мет Хачинс, сопругот на Халина Хачинс и нивниот деветгодишен син во саботата пред хотел во Санта Фе.
Никој не е обвинет за фаталниот инцидент за време на проба во четвртокот на ранчот Бонанка Крик кај Санта Фе, додека канцеларијата на шерифот ја продолжува истрагата.
Неколку медиуми и социјални мрежи изразија загриженост за безбедносните протоколи за снимањето на нискобуџетниот филм, додека самиот Рид изјави дека филмската екипа имала проблеми со продукцијата, вклучително и плаќањето и домувањето. Рид изјави и дека шест лица го напуштиле снимањето на филмот.
Серж Светњој, главниот електричар ангажиран во снимањето, во објава на Фејсбук рече дека ја држел Хачинс за рака додека таа умирала и ја обвини „негрижата и непрофесионалноста“ за нејзината смрт.
Веб-страницата TMZ.com, повикувајќи се на неидентификувани извори поврзани со продукцијата, наведува дека пиштолот што му бил даден на Болдвин претходно го користеле членовите на екипажот за вежби за гаѓање цели надвор од сетот, користејќи вистински куршуми.