Напаѓачот на Бразил и англиски Тотенхем, Ришарлисон се уште не може да се помири со поразот од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
Бразилецот за „ЕСПН“ даде во најмала рака чудна изјава која отсликува колку болен бил поразот за нив од Хрватите.
„Беше тоа тежок удар. Мислам дека беше полошо отколку кога ќе изгубиш член на семејството. Беше тешко да се опоравам.
И ден денес кога ќе видам видео на друштвените мрежи од тие моменти се растажувам. Но мораме понатаму. Се уште сум млад и верувам дека имам едно или две светски првенства пред себе“, изјави Ришарлисон.
Бразил на Мундијалот дојде како фаворит за титулата, групата лесно ја поминаа, потоа славеа со 4:1 проти Јужна Кореја, па дојде поразот од Хрватска.