Америкианскииот фармацевстки гигант „Пурдју Фарма”, почна стечајна постапка во согласност со поглавјето 11 од Кодексот на САД за банкротство, како дел од условите што компанијата треба да ги исполни во рамките на побарувањата на низа сојузни држави и корисници по смртоносната криза со опиоиди во САД.
-Стечајната постапка ќе се одвива под судски надзор за да се зачуваат активите на компанијата во интерес на сите кои настрадаа од опиоидната криза, изјавија од компанијата.
Условите што ги договори “Пурдју Фарма”, произведувач на озлогласеното лекарство против болка „ОксиКонтин”, е започнување на процедура на стечај и поетапна исплата на 12 милијарди долари оштета на луѓето што настрадаа од опиоидната криза во САД.
Семејствто Саклер, сопственик на компанијата, треба да се откаже и од уште една компанија, „Мундифарма”, за да исплати дополнителни 1.5 милијарди долари оштета во рамките на регулирањето на тужбите од настраданите.
Засега, само 24 сојузни држави, пет територии и околу илјада градови и окрузи го прифатија ова решение, но има многу, како Масачусетс, Конектикат, Њујорк и Пенсилванија, кои не се дел од договорот.
Кризата со синтетички лекарства против болка во САД, таканаречени опиоиди, започна во средината 1990. години. А од 2000 година до сега како резултат на стекната зависност умреа стотици илјади Американци. Така на пример, според националниот ценар за контрола на болети, од предозирање со опиоиди во 2016 година починале 42 илјади Американци.
Синтетички лекарства против болки како фентанил се препишувани од докторите со рецепт. Тие се толку силни што пациентите потоа лесно стануваат зависни од потешки дроги и умираат од предозирање.