Група мали венецуелски опозициски партии почна преговори со претседателот Николас Мадуро, без согласност на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.
Претставниците на неколку опозициски партии и блиски соработници на Мадуро денеска потпишаа договор во присуство на странски дипломати.
Разговорите ќе се фокусираат на реформи на Изборната комисија и изнаоѓање на решение за пат позицијата предизвикана од формирањето на уставотворно собрание како противтежа на Парламентот, во кој мнозинство е опозицијата.
Договорот е прва значителна пукнатина во опозицијата на Венецуела откако претседателот на Парламентот, Гуаидо, на митинг во јануари се прогласи за шеф на државата, поради наводната изборна кражба на минатогодишните претседателски избори. Гуаидо набрзо беше признаен од САД и над 50 други држави.