Медицинската сестра од Ајдахо, САД, Кејт Смол (29) во своето слободно време е страствена ловџика, која на Инстаграм ја следат 27.000 луѓе со кои гордо споделува фотографии од нејзиниот плен.
Кејт вели дека со ловот ја запознал нејзиниот очув пред околу десет години и „веднаш се вљубила“.
https://www.instagram.com/p/BxSMrUOhF5C/
– Сакам апсолутно сè – тоа чувство за авантура, стратешко планирање, процесот на убивање на животното што ја тестира мојата сила и издржливост, но исто така ми дава незаборавни сеќавања … Распорување на пленот и потоа добивање од него месо- тоа е она во кое навистина уживам, изјавила Американката.
Кејт додава дека таа користи апсолутно сè од уловот, не го консумира само волчјото месо, затоа што, како што објаснува, не е погодно за луѓето.
-Кожата и главите ги препарирам. Никогаш не сум убила животно за забава, ги ловам само за нивно зачувување и храна, вели медицинската сестра, која е среќно мажена и има едногодишна ќерка.
Но поради љубовта кон ловот таа секој ден прима бројни закани – некои сакаат да ја убијат, а има и такви кои се закануваат и на нејзината ќерка.
-Освен со смрт ми се закануваат и силување, но се обидувам да го игнорирам сето тоа. Само сакам да им докажам на луѓето дека ловот не е резервиран исклучиво за мажи. Се надевам во него ќе ми се придружат што е можно повеќе жени, заклучува Смол.