Ливерпул во Неапол, Барселона во Дортмунд почнуваат нова европска мисија

Вечерва стартува новата сезона од групната фаза во елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите во која титулата ја брани англискиот премиерлигаш Ливерпул. Ќе се одиграат осум натпревари, по два од групите Е,Ф,Г и Х, а утре преостанатите осум од А, Б, Ц и Д групата со што ќе биде комплетирано првото коло.

Честа да ги одиграат премиерните натпревари ја имаат Интер – Славија Прага и Лион – Зенит, мечеви кои ќе почната во 18.55 часот, додека во вечерниот термин од 21 часот се среќаваат: Челси – Валенсија, Ред Бул – Генк, Наполи – Ливерпул, Ајакс – ЛОСЦ, Бенфика – Лајпциг, Борусија Дортмунд – Барселона.

Најголемото внимание во овие дуели ги привлекуваат мечевите Наполи – Ливерпул и Борусија Дортмунд Барселона. На дуелот во Неапол свој претставник ќе им  Македонија, каде за домашниот тим ќе конкурира и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Поубаво деби на елитната клупска сцена против актуелниот првак Ливерпул, Елмас неможеше да си посака, па доколку ја добие довербата од тренерот на калчолигашот Карло Анчелоти, ќе има вистинска прилика да ги демонстира своите фудбалски потенцијали на „Сан Паоло“.

Во Дортмунд, на преполниот „Вествален“ каде се создава величенствена атмосфера на трибините  „милионерите“ ќе го нагостат еден од главните фаворити сезонава за пехарот со„големите уши“. Барселона сезонава почна без еден од најдобрите играчи на светот Лионел Меси кој се рехабилитираше од повреда и се очкеува да почен да игра за шпанскиот првак токму на овој натпревар. Тренерот Ернесте Валверде најверојатно нема да го игра Меси од прва минута, ќе го има на клупата крајсебе, но ако затреба ќе го уфрли во игра. Во тимот изминатиов викенд со голови се врати и опоравениот од повредата Луис Суарез.

– Во принцип, силите на екипите во групите се распределуваат подеднакво. Само најдобрите го минуваат овој неизвесен пат, што го прави ова натпреаврување посебно. Ја добивме Борусија Дортмунд со која никогаш не игравме за време на мојот престој во клубот. Го видов стадионот на Дортмунд и секогаш го сакав заради навивачите и идентитетот на клубот. Го добивме и Интер. Пред една година игравме со Интер, но тој натпревар го пропуштив поради повреда. Групата е комплексна, но тоа ја прави поинтересна – изјави Меси, капитенот на Барселона пред почетокот на новата мисија во трката за големиот пехар кој го немаат освоено од 2011 година.

ГОЛЕМИ ПАРИЧНИ НАГРАДИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ГРУПНАТА ФАЗА

Од 2010/2011, УЕФА го наградува секој тим што игра во плејоф рундите со 2,1 милион евра. За тие што ќе стигнат до групната фаза УЕФА доделува 3,9 милиони евра, плус 550.000 евра за секој одигран меч во групата. За победа во групната фаза УЕФА доделува 800.000 евра а нерешениот резултат е вреден 400.000 евра. Покрај тоа, УЕФА им плаќа на тимовите што ќе стигнат до првата нокаут-фаза по 3 милиони евра, секој четвртфиналист добива 3,3 милиони евра, 4,2 милиони за секој полуфиналист, 5,2 милиони евра за вицешампионите и 9 милиони евра за победниците. Голем дел од дистрибуираниот приход од Лигата на шампионие е оврзан со маркетиншкиот фонд, распределбата со која се определува вредноста на телевизискиот пазар во секоја земја.

Треба да знаете
Последни објави