По 48 години, се реконструираше главната кујна во детската градинката „Орце Николов” во Карпош 3. Целосно се променија елементите во кујната, плочките, водоводната мрежа, а се постави и ново осветлување.
Во оваа градинка во дневниот оброк се воведе и здраво нутритивно мени.
Во кујната на оваа јавна установа се подготвува храна и за две приватни градинки. Околу 600 деца добиваат топол и здрав оброк. Нашите деца се хранат по највисоки, европски стандарди, а храната се подготвува во подобри услови.
Се грижиме за најмладите, бидејќи предучилишното образование е темел за создавање на здрави навики и здрави генерации.
Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Стефан Богоев инвестираат во детската заштита.
Овие денови се менува и азбестниот кров на градинката „Мајски цвет”, објектот на ул. „Римска”, во урбаната заедница Владо Тасевски.
На овој начин, го заштитуваме здравјето на најмладите, да добиваат грижа и знаење во подобри услови и здрава животната средина.
Како локална самоуправа продолжуваме интензивно да работиме на полето на детска и социјална заштита.