Не го сакам холивудскиот стил на претставување на сериските убијци како секси и интелигентни, рече режисерот Фатих Акин говорејќи во Битола, во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, каде се осврна на неговиот најнов филм „Златна ракавица“ што публиката имаше можност да го проследи синоќа на фестивалот. Тој денеска под модераторство на директорката Гена Теодосиевска одржа мастер-клас, на којшто присуствуваша и кинематограферот Рајнер Клаусман, со кој заедно соработуваат повеќе од 15 години.
Акин пред голем број присутни новинари, филмаџии и гости во Центарот за културата во Битола кажа дека во главата на неговиот сериски убиец кој е прикажан во „Златна ракавица“ нема ништо, а во моментов тој сака да се занимава со ништото.
Познатиот режисер со турско потекло објасни дека филмот го снимал според романот, а настанот со серискиот убиец во Хамбург се случувал во неговото соседство. Запрашан како ја објаснува индиферентноста на околината на серискиот убиец и можноста тој да делува цели 5 години, и дали таков случај може да се повтори денес, Акин изрази верување дека тоа е можно.
„Јас и ден денес живеам во истиот тој кварт, за разлика од порано, кога беше третиран како гето на имигранти, денес е фенси дел од Хамбург. Тогаш никој не би се осврнал на примедбите на турските гастарбајтери дека нешто ужасно смрди во соседниот стан, бидејќи тогаш би им рекле дека самите Турци смрдат“, рече Акин пред присутните во салата.
Во разговорот што траеше околу час и половина, режисерот отворено говореше за неговите почетоци во кариерата, инспирацијата и соработката со актерите. Рече дека сака да учи нови работи и смета дека најдобрите нешта што можат да му се случат во животот на човека се различните искуства. Околу работата со светската актерска ѕвезда Дијане Кругер во филмот „Од никаде“, Акин вели дека таа на некој начин ја спасила неговата кариера, која во тој момент имала надолна линија. Но, од друга страна, и Акин на некој начин ја спасувал нејзината кариера во тој период.
„Секој режисер на почетокот мисли дека е најдобар, и тој егоизам не е лоша работа, бидејќи потекнува од неговиот начин на живот во младоста, неговите пријатели. Во младоста имав други инспирации, денес имам други“, вели Акин.
Тој со кинематограферот Клаусман има снимено 8 играни филмови, почнувајќи од „Солино“ во 2002 година. Со филмовите „Со глава во ѕид“, „Работ на рајот“, „Соул кичен“, „Раз“, „Збогум Берлин“ и „Од никаде“, Акин како режисер освојуваше награди на престижните фестивали во Венеција, Кан, Берлин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И…
-
Манолев: По 48 години реконструирана е главната кујна во градинката „Орце Николов“ во Карпош 3
-
Британскиот Врховен суд одлучува дали Џонсон го прекршил законот со суспендирањето на парламентот
-
Манекенка го тужи Кевин Харт за 60 милиони долари бидејќи тајно ја снимал
-
Претставен новиот план за унапредување на велосипедскиот сообраќај во Скопје
-
Продолжува геноцидот врз Рохингите во Мјанмар, велат од ОН
-
Татко си ги убил четирите деца и сопругата, телата ги чувал со недели дома и ги фрлил во друга држава
АКТУЕЛНО
Северна Македонија и Албанија ќе формираат комисија за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Објавено пред
5 часа – 17 септември, 2019
Од
Mинистерот Едмонд Адеми, вчера, во својство на претседател на Националната комисија за УНЕСКО, се сретна со министерката за култура, Елва Маргарити, и министерот за животна средина, Бленди Клоси, во Тирана, Република Албанија. На состаноците беше договорено формирање меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион.
Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Министерот Адеми се сретна со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.
Во тој контекст Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот Регион.
ИЗЛОЖБИ
Уметницата Михаела Јовановска со мултимедијален проект ќе се претстави во Њујорк
Објавено пред
8 часа – 17 септември, 2019
Од
„1/2. Состојба“ е насловот на мултимедијалниот проект на уметницата Михаела Јовановска во соработка со видео авторката Вероника Камчевска, што ќе биде претставен в сабота, на 21 септември, во 18 часот во Њујорк.
Се работи за проект поврзан со истражување на тема родовата нееднаквост и нејзините релации. Концептот објаснува емоција која се стреми кон
нејзината форма да стане целина. Ова го прикажува надворешното влијание за нееднаквост што го моделира битието како крајно отсутно во идејата да се биде човек.
Михела Јовановска работи во Националната галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Таа е мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација. Нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно, вклучувајќи ги и Gallery MC – Њујорк, Прима центар – Берлин, КИЦ – Софија, Галерија Лауба – Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ – Цетиње, Мала станица, НГ – Скопје, Биенале на млади, МСУ – Скопје.
Проектот ќе биде изложен до 30 септември и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Центарот за изведувачки уметности и едукација „Театар Пи“, покрај редовниот репертоар кој е активен веќе цели 8 години на независната сцена низ Македонија, во Центарот за култура во „Ѓорче Петров“ Скопје, од денеска продолжува со едукативна мисија за најмладите љубители на театарот, играта, социјализацијата и уметноста.
„Театар Пи“ оваа година продолжува со работа со училиште за театар, поконкретно актерство и сценски техники. Изучувањето на театарот и драмата од најрана возраст подразбира подобар процес на социјализација, развивање на психолошките карактеристики на детето. Театарот може да биде и е помошно средство за секој млад човек, во процесот на негово професионално определување во животот.
Учениците во училиштето за театар ќе посетуваат настава двапати во неделата. Редовните часови ќе ги водат актерката Македонка Илиевска, Златко Митрески, Дарко Велиќ и Соња Стамболџиоска, а секој месец како визитинг-професори ќе се појавуваат наши познати актери.