Тројца руски граничари се повредени откако биле нападнати од рибокрадци од Северна Кореја во Јапонско Море.
– Членовите на екипажот на севернокорејски чамец, кои беа повеќе од 45 извршија вооружен напад врз членовите на набљудувачката група на бродот на пограничната служба. Тројца граничари се тешко повредени, соопшти руската Федерална служба за безбедност
Гранчарите на ФСБ презеле одлучни мерки за сузбивање на илегалните активности.
Според ФСБ, два севернокорејски чамци и 11 моторни чамци влегле во руската економска зона во Јапонско Море и тие се запленети.